Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во големиот пожар кој ја зафати Тасманија во 2013 меѓу другата голема штета настрада и оградата околу фармата на Елис Греј, и во таа прилика одреден број на овци и побегнале. Со текот на времето сопствениците на фармата се помириле со фактот дека никогаш повторно нема да ги видат.
Меѓутоа една од тие овци Приклс се покажала како вистински мајстор за социјално дистанцирање и самоизолација, затоа што дури после 7 години се вратила дома.
Елис рекла дека едвај ја препознале некогаш малечката овца. Приклс сега на себе има огромен волнене капут, кој ќе се скрати и ќе биде дониран.
Prickles the sheep returns home after seven years – owners joke she was ‘self-isolating’ https://t.co/IQYxS3LjOv
— Gabriela Cora, MD, MBA (@DrGabyCora) April 27, 2020
Во разговор за „Би-Би-Си“, Елис рекла: Верувам дека Приклс била заробена во дрмушки во задниот дел на нашата фарма. Мислевме дека не е жива“.
Семејството поставило неколку ноќни камери да видат дали некој елени влегуваат на фармата, кога приметиле нешто чудно, но не знаеле за што станува збор.
Меѓутоа дури кога надвол уживале во правење скара, Приклс излегла и ги изненадила своите сопственици.
Сега овцата повторно се прилагодува во животот на фарма и ужива со другите животни.