Иако научниците се уште резервирани: Светот веќе ја користи – и Македонија се спрема за користење крвна плазма против коронавирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ширум светот веќе се користи на големо како еден од ресурсите за борба против коронавирусот, а и Македонија се подготвува да ја користи крвната плазма за оваа намена.

Докторите од болницата во Орландо се обиделе со повеќе лекарства меѓу кои и лекот против маларија хидрохлорокин за да го спасат 52 годишниот Кевин Ратхел, но деновите минувале а подобрување немало објавува американската телевизија CBS. Неговата сопруга откако слушнала за лекувањето за крвна плазма пронашла соодветен донатор за крвна плазма, пренесува Телма.

По 20 дена борба со Ковид-19 Кевин Рател ја напушти болницата, оздравен. Американските медиуми раскажуваат и други успешни приказни на пацинети. Искуствата покажале дека на болните пацинети им се дава плазма богата со антитела од оздравени пацинети со што им помага да се изборат со вирусот.

Докторите потсетуваат дека ова е ексериментално лекување, некои се оптимисти но дел велат дека не треба да се радуваме пред време.

Д-р Артуро Касадевал раководител на Одделот за молекуларна микробиологија и имунологија во институот Џон Хопкинс, кој проучува антитела повеќе од три децении за CBS посочува дека потребни се клинички тестирања за да се утврди кога, дали и како треба да се употребува крвната плазма. Потребно е да се направат повеќе истражувања но историјата покажува дека имало такви примери.

Првата нобелова награда за медицина е дадена за откритието дека може да се лекува заболување со антитела. Се употребувало и за време на епидемијата во 1918 а поскоро се употребувало и за САРС во 2003 година, посочува Касадевал.

И во Македонија почнува употребата на овој третман. Според најавите од здравствените власти во вторник ќе биде земена крвна плазма од првите оздравени пацинети.