Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Евгенија Здравевска, популарно попозната како Зарина Првасевда, го објави видеото за „Мори моме солуненке“, првата песна од нејзиниот прв официјален албум насловен „Билбил пее во планина“.
Во описот под видеото објавено на YouTube стои дека „Мори моме солунeнке” е многу стара љубовна песна од историскиот јужен дел на Македонија, кој сега се наоѓа во Грција. Во овој регион сеуште постои жива традиција, фолклор, култура и луѓе кои го зборуваат Македонскиот јазик – пишува во описот на видеото на јутјуб.
Инструменталната постава која стои зад неа во обработката е вистински музички „тим од соништата“.
Аранжманот на песната е дело на Александар Петров. На традиционални инструменти (уд, тамбура, бузуки и саз) Дарко Фурнаџиски.
На пијано е Васил Хаџиманов, на кларинет Благојче Трајковски и Исмаил Лумановски, а басот го „држи“ Оливер Јосифовски, на перкусии се Александар Петров и Ратко Даутовски.
„Се надевам дека ова мало парче музика откинато од моето срце и извајано со многу љубов заедно овие прекрасни музичари и целиот тим кој работеше на него , ќе ви го затопли срцето барем следните неколку минути…
Дефинитивно, овој датум останува силно запечатен во дневникот на моето земско патување, како еден нов животен почеток. Благодарам на сите кои ме бодрите и инспирирате! Уживајте и на здравје”, напиша Здравевска на Фејсбук.