Еве што ќе се случи ако возачот се обиде да излезе од Tesla во режим на автономно управување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот тест за обид возачот да го напушти автомобилот Tesla кога тој е во режим на автономно управување е направен (и снимен) од YouTuber Chikichu кој скокна од Tesla додека беше вклучен автопилотот. Ова не е безопасен маневар, а самиот автор предупредува на опасноста.

За да ги измами безбедносните системи, тој морал да го врзе сигурносниот ремен зад грб. Тој морал да излезе низ прозорец затоа што отворањето на вратата на автомобилот го деактивира системот за автономно возење. Тесла, како што може да се види, продолжи да вози.