Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Макпетрол беше избрана за најдобра фирма на неделата во однос на третманот на работниците од страна на Сојузот на синдикати на Македонија како компанија која се грижи за вработените во пандемијата. Ова е примерот кој треба да се се следи, објави најголемата синдикална организација во државата.
Макептрол кој има над 1.800 вработени за време на кризата не отпушти ниту еден работник, ниту пак ја намали платата на своите работници. Сите родители на деца под 10 години и хронично болни се ослободени од работа со платено отсуство. Поради наведените причини, ССМ оцени дека Макпетрол во оваа недела е најдобра компанија која се грижи за своите вработени.
Макпетрол АД постојано работи на обезбедување на безбедни услови за вработените и потрошувачите. Затоа, компанијата апелира и инсистира на строго почитување на донесените мерки со цел да обезбеди ефикасно, безбедно и професионално функционирање и во новонастанатите услови.