Автомобилски пар само за колекционерите со длабоки џебови


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


За одбележување на 100-годишнината од компанијата Загато ги здружи силите со Астон Мартин и решија да направат уникатен модел базиран на карбонска верзија на V12 Vantage, како во купе, така и во спортска изведба.

И за да биде поинтересна приказната, понудата е направена исклучиво во пар, а понудени се 19 од нив, или вкупно само 38 автомобили. Со карбонска прекривка и специјална иконографија, овие автомобили се најдобриот пример за концептот на уметноста на тркала. И златната буква Z не е единствениот доказ за ексклузивноста, затоа што има еден куп детали како покрив со две испакнатини или активен заден спојлер.

Всушност, кога Vantage Zagato од 2011 година служи за инспирација, нештата не можат да бидат лоши. На крајот на краиштата, оригиналот е распродаден на слепо, по цена од околу 330,000 фунти. Одлична инвестиција затоа што сега секоја копија е најмалку тројно поскапа.

Под хаубата има 5,9 V12 класичен, атмосферски мотор засилен на 600 КС. И сите купувачи кои ќе направат богатство од овие две уметнички дела, ќе добијат специјален пакет како подарок и ќе имаат можност целосно да го индивидуализираат автомобилот. Освен тоа, ќе може да го следат создавањето на автомобилите што рачно ќе се прават во новата сала во Ворвик. А новиот бренд R-Reforged, кој е во сопственост на швајцарската AF Racing Group, е одговорна за целиот потфат.