Претседателката на ЕЦБ, Лагард апелира: Нема директно да позајмуваме пари на влади – тоа е против законот!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на Европската централна банка, претседателката Кристин Лагард, откри во која мера ЕЦБ може да ги помага финансиски државите од еврозоната во борбата против коронавирусот.

„ЕЦБ нема директно да позајмува пари на владите на државите во еврозоната бидејќи тоа е незаконски“, рекла Лагард.

ЕЦБ оваа година планира да откупи државни обврзници во вредност од 1,1 илјади милијарди евра за да се одржат ниските кредити на владите, домаќинствата и компаниите. Банката се обврза да стори и повеќе ако е потребно тоа.

„Некои сфатија дека примарен пазар за откуп на државни обврзници (државен долг) значи директно финансирање на владите, што би го загрозило поттикнувањето на дисциплинираната буџетска политика“, рекла шефицата на ЕЦБ.

Освен тоа, Лагард додава дека за пружањето „хеликоптерски пари“ никогаш не се расправало, нагласувајќи дека тој предлог не ги решава во целост поврзаните оперативни, сметководствени и правни проблеми ниту пружа сеопфатна анализа на трошоците и користа од целосниот економски и монетарен ефект.