Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Холивудската актерска ѕвезда и општествен активист, Ричард Гир, повторно стана татко на 71-годишна возраст. Неговата сопруга, 37-годишната шпанската активистка Алехандра Силва, му роди уште еден син.
Алехандра се породила во тајност, а ова е вториот син за неа и Ричард Гир.
И Ричард и неговата сопруга веќе имаат деца од претходните бракови. Гир го има 20-годишниот Хомер од бракот со Кери Ловел, а Алехандра 7-годишниот Алберт.
Ричард и Алехандра се венчаа во 2018 година на ранчот на глумецот во Њујорк, каде што и сега се во изолација поради коронавирусот.
„Се чувствувам како да сум во вистинска бајка. Без сомнение, се чувствувам како најсреќната жена на светот“, изјави претходно сопругата на Гир.