Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Познатиот холивудски актер Вал Килмер во своите мемоари за јавноста призна дека своевремено бил во љубовна врска со славната Анџелина Џоли.
Тие се запознале на сетот на филмот „Александар Велики“ во 2004 година, и станале двојка дури по премиерата на филмот.
„Таа ме спаси, ме спаси од пеколниот мраз ,од студена осаменост … Ангелот, најголемиот од сите – Анџелина …“, откри Килмер.
„Кога луѓето ме прашуваат како е, секогаш им кажувам дека е како другите жени и другите sвезди, но многу повеќе … Анџелина е уште поубава, дури и помудра, дури и потрагична, дури и повеќе волшебна … Таа е повеќе приземна од другите …
Дали вредеше? Да. Секогаш вреди да се сретнете со луѓе на кои им треба седмичен труд за воопшто да ги разберат“ – напиша Вал во своите мемоари, пренесува The Mirror.
Но, нивната романса не траела долго . По извесно време, Џоли започна да го снима филмот „Г-дин и г-ѓа Смит“, на сетот на кој се заљуби во колегата Бред Пит, која поради неа ја остави тогашната сопруга Џенифер Анистон.
И самиот Килмер неодамна се пожали дека веќе со години води осамен живот.
„Немам сериозна девојка најмалку две децении. Заборавив како е кога маж е во врска“ – рече тој.