Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери, вирусот КОВИД 19 во Македонија не стигнал пред два месеци.
Според него, голема е веројатноста оти вирусот во земјава бил присутен и лани. Кој е првиот Македонец заразен од коронавирус, е прашање кое ќе се одговори откако епидемијата ќе стивне.
Зибери во изјава за Канал 5 тврди оти Центарот за јавно здравје располага со доволен број на здравствени работници што работат во тимови, а дежураат и во вечерните часови. Засега помеѓу лекарите и останатиот медицински персонал кои го сочинуваат Центарот за јавно здравје, нема заболени.
Директорот на Центарот додава оти во земјава се прават доволно тестови за КОВИД 19. Па според него, Македонија е лидер во регионот по бројот на земени брисеви за коронавирусот.