Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Славниот тенисерски ас и рекет број еден во светот, Новак Ѓоковиќ, е против вакцинирање за коронавирус. Ноле вели дека не би сакал вакцината за коронавирус да биде задолжителна.
Најголемиот дел од населениот во светот се надева дека што е можно побрзо ќе биде пуштена вакцина против Ковид-19, но не и Новак Ѓоковиќ.
„Лично не сум за вакцирање, и не би сакал некој да ме примора да добијам вакцина за да можам да патувам. Ако тоа стане правило и закон, што ќе биде тогаш? Треба да одлучам дали да го направам тоа или не. Имам свое размислување, а дали ќе го променам во некој момент, не знам. Хипотетички да се продолжи сезоната во јули, август или септември, иако шансите не се големи за тоа, колку што разбрав веднаш по укинување на строгиот карантин ќе има барање за обавезна вакцина, која се уште ја нема“ вели Новак Ѓоковиќ.
„Работите и дефинитивно нема да бидат исти и прашање е кога ќе се вратат во нормала. Ова трае и ќе трае можеби уште толку, а можеби и повеќе. Период кој сите треба да го искористиме добро да размислиме како да настапиме понатаму во своите кариери, во професионалниот живот… За нас тенисерите имаме многу патувања, тоа ќе биде предизвик број еден“.