Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Статистичките податоци објавени од страна на „Ворлдометерс“ укажуваат дека на светско ниво, бројот на заразени со новиот коронавирус изнесува 2.418.559 лица. Од нив активно заболени се 1.619.756, додека 165.741 лица починале како последица на заразата.
Од заразените, 1.565.551 се со лесни симптоми, додека во тешка состојба се 54.205, што според овие податоци е околу 3 отсто од вкупно заболените. Бројот на излечени е 633.062 или 79%, пренесува „360 Степени“.
На листата на држави со најголем број заразени се САД со 764.265 луѓе, со 40.682 смртни случаи и 71.012 излекувани.
Најтешко погодена област е Њујорк каде што досега починале 14.451 луѓе.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс вчера соопшти дека во моментов во земјата дневно се прават по 150.000 тестови на коронавиррус и најави дека оваа бројка може двојно да се зголеми доколку сојузните држави ги активираат сите свои расположливи лаборатории.
Оцени дека и сегашната бројка на тестови е доволна за да почне реактивирање на економијата, во согласност со насоките што неделава ги соопшти Белата куќа.
На американскиот континент вкупно има 820.749 заразени и 43.369 починати.
Според бројот на заразени и почнати од Ковид-19, најпогоден од континентите е Европа со 1.094.150 заразени и 101.907 смртни случаи.
Прва на листата од европските земји е Шпанија со 198.674 заразени со новиот коронавирус и 20.453 смртни случаи. Потоа следува Италија со 178.972 заразени и 23.660 починати, па Франција со 152.894 заболени од ковид-19 и 19.718 починати и Германија со 145.743 заразени, 4.642 починати и 91.500 излекувани лица. Институтот за заразни болести „Роберт Кох“ оцени дека со вчерашните новопријавени 1.775 заразени со коронавирусот, нивниот број на дневна основа се намалува втор ден по ред.
Од другите континенти следува Азија со 385.385 случаи на заразени и 14.822 починати.
Во Африка бројката на заразени е 22.992 лица и 1.128 починати. Но, економската комисија на ОН за Африка (УНЕЦА) неодамна прогнозира дека доколку не се преземат мерки, од пандемијата со коронавирусот на овој континент може да починат 300.000 луѓе, а во екстремна сиромаштија да западнат 29 милиони лица.