Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На последната владина седница, Владата усвои препорака од петок, 24 април, банките да ги обезбедат пензионерите со априлските пензии да може да располагаат преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Владата исто така го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23 април.
Им се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
– Во понеделник, на 27април исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во вторник, на 28 април година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во среда, на 29 април исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во четврток, на 30 април исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Владата им препорача на сите вработени во органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, како и се укажува на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на вработените лица од приватниот сектор да ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.
За оваа цел, се укажува на Фондот за здравствено осигурување да ги задолжи сите матични лекари на територијата на своите пациенти да им препорачаат инсталирање на мобилната апликација „Стоп корона!“
Службата за односи со јавност на Владата е задолжена да направи интензивен план за медиумско информирање на оваа мобилна апликација, со цел успешно спроведување и почитување на одлуките, мерките и препораките на Владата.
Министерството за информатичко општество и администрација се задолжува да предложи дополнителни стимулативни мерки за лицата кои ќе ја преземат (инсталираат) мобилната апликација „Стоп корона!“.
Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната седница на достави предлог – уредба со законска сила која правно ќе се нормира прашањето во однос на воведување на задолжителна самоизолација за сите граѓани кои вршат тестирања за КОВИД-19, најмалку до моментот на добивање на резултатот, согласно епидемиолошката анкета.