Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако цената на мајските преддоговори за американската нафта „ВТИ“ се спушти на 15 долари за барел, црното злато го достигна минимумот од крајот на минатиот век.
Во такви околности одредени компании од Тексас почнале „црното злато“ да го продаваат за два долара, пишува „Блумберг“.
Како што се проценува, падот на цената е поврзан со загриженоста по информациите дека сите складишта за нафта во САД се преполни. Експертите не исклучуваат дека произведувачите масовно ќе почнат да им плаќаат на клиентите да прават откуп, ако во блиска иднина состојбите не се променат.
Што се однесува до марката „Брент“, кај неа се бележи пад на цената за 2,8 проценти и се продава по цена од 27,3 долари за барел.
Ваквиот развој на настаните е само една недела по потпишувањето на договорот во рамки на ОПЕК+, за смалување на производството и претставува јасен сигнал дека договорената количина од 9,7 милиони барели дневно нема да биде доволна.
Според статистиката, дневно се испумпува вишок од 25 милиони барели сурова нафта.