Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повеќе од 3,6 милијарди луѓе во светски рамки, на сите страни од планетава, се принудени да се изолираат, заради спречување и заштита од ширење на коронавирусот. Многумина работат од дома. Кафулиња, театри, трговски центри, кина – ништо од тоа не работи. Не работат ниту фризерските салони, салоните за убавина или спортските спортски не работат.
Затоа, за многу граѓани, одењето до контејнер за отпадоци е единствениот излез од дома заради воведување на целосен карантин, а некои сфатиле како да го направат тоа што е можно по забавно.
Во Русија се појави интересен тренд на социјалните мрежи, каде што се покажани жените како се облекуваат еднаш дневно и тоа како да одат на забава или прием , а одат до контејнерот. Тие излегуваат со свечени фустани, нашминкани, со чевли или сандали со високи потпетици.
Во едната рака држат кеса со отпадоци, а во другата мала торба за излегување. Имаат шминка, а понекогаш и свечена фризура.