Лекар демонстрира техника на дишење која ги ублажува симптомите од коронавирусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сведоштвата на сите луѓе кои го прележаа коронавирусот велат дека додека биле болни, во некои моменти на болеста се чувствувале беспомошно и речиси губеле здив. Еден лекар открил техника на дишење за која тврди дека може да ги ублажи симптомите и истата ја демонстрираше на видео кое го објави на интернет.

Пациентите кои се лекувани од коронавирусот, прераскажувале различни фази на заболувањето од ковид-19. Симптомите вклучувале интензивни епизоди на кашлање и отежнато дишење, бидеќи овој вирус, пред сѐ, е респираторна инфекција, па поради тоа белите дробови се најтешко погодени од инфекцијата.

Доктор Сарфараз Мунши, началник на одделот за интензивна нега во болницата „Квинс“ во Англија, на социјалните мрежи споделил совети за техника на дишење, која би можела да ги ублажи симптомите на коронавирусот.

Доктор Мунши вели дека оваа техника ја развила неговата колешка Су Елиот, главна медицинска сестра која редовно ја користи оваа техника кај пациентите кои се на одделението за интезивна нега.

Како функционира оваа техника?

За почеток треба да направите пет длабоки вдишувања и да го задржите секојпат здивот пет секунди. На шестото вдишување повторно задржете го здивот пет секунди, а потоа накашлајте се, покривајќи ја устата. Потоа, повторете ја постапката.

Следниот чекор е да легнете на стомак на кревет со перницата под вас и наредните 10 минути дишете подлабоко отколку вообичаено.

„Ова е најважниот дел бидејќи лежењето на грб може да ви ги затвори малите дишни патишта“.

Имајте на ум дека поголемиот дел од белите дробови е на грбот, а не на предниот дел, така што лежењето на грб ги покрива помалите дишни патишта. Ова не е добро во текот на периодот на инфекцијата и може да доведе до ателектаза која може да доведе до секундарно воиспаление на белите дробови и да ја влоши состојбата – објаснил докторот.