Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според тврдењето на француски тим научници, новиот коронавирус е многу отпорен на високи температури и дека може да го уништи дури температура при која водата почнува да врие.
Која било температура пониска од 92 степени Целзиусови остава дел од вирусот функционален и понатаму е опасен по здравјето на човекот, велат Французите.
Претходните теории дека со доаѓањето на топлото време новиот вирус ќе исчезне и ќе стане безопасен со ова стануваат бескорисни. Лабораториите имаат едно правило кое псотојано го користат за сузбивање на фатални вируси – „готвење“ на 60 степени 60 минути. На тој начин, на пример, се потиснува вирусот на еболата. Но, професорот Реми Шарел и неговите колеги од Универзитетот Екс-Марсеј открија дека после таквиот третман делови од новиот корона вирус и понатаму се активни и потенцијално опасни.
Но, кога САРС КоВ-2 ќе се изложи на температура од 92 степени Целзиусови на 15 минути станува целосно неактивен. Резултатите претставени во оваа студија треба да помогнат во изборот на најдобриот протокол за деактивација за да се спречи ризикот од изложување на лабораториските работници кои го истражуваат вирусот.