Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Последниот биланс кој вчера го објави Министерството за здравство во врска со состојбата со коронавирусот во Македонија вели дека кај нас имаше евидентиран уште едне нов смртен случај и 66 новозаразени.
Од здравство информираа дека пациентката починала пред два дена во градската болница “8-ми септември”, но позитивниот брис на корона стигнал денеска. Жената имала 76 години и била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.
Заклучно со изминатото деноноќие се направени 500 тестови за корона. Најмногу новоинфицирани се од Куманово – 27 лица, а главниот град бележи нови 10 заразени. Шест се од Струга, пет од Тетово, четворица новоинфицирани се од Прилеп, по три случаи има во Охрид, Кочани и во Штип, двајца заразени се од Велес и од Неготино, а еден е од Гостивар.
Токму од Гостивар е и притвореникот кој вчера попладнето починал во истражниот затвор во Шуто Оризари. Имал 23 години, а обдукукцијата и тестовите треба да ја покажат точната причина за смртта и дали бил позитивен на корона вирусот.
Во разговор за Сител директорот на затворот вели дека ништо не ја наговестувала смртта на младото момче, кое бил во притвор од 18-ти декември.
„Во текот на денот притвореникот не покажувал никакви симптоми, ниту пак се пожалил на нешто. По попладневниот одмор, кога неговите цимери станале од спиење пробале и него да го рабудат, но безуспешно. Веднаш е повикана лекарската служба, која го презела притвореникот”, информира Рахиќ.
Случајот го потврди и МВР.
„Во Министерството за внатрешни работи во 15 часот и пет минути, е пријавено дека е починато лице во затворот Шуто Оризари во Скопје. Испратени се екипи за увид, а повеќе детали очекувајте од Министерството за правда”
Ова е втор смртен случај во затворот во рок од една недела, откако на 8-ми април почина затвореник позитивен на Ковид 19. По овој случај беа засилени мерките за превенција од ширењето на вирусот.
Почна и засилено тестирање на затворениците и персоналот, а резултатите за 50-ина лица, како што рече Рахиќ, ќе бидат соопштени најверојатно утре.
Инаку, вкупната бројка на заразени во земјава сега изнесува 974, а кај 45 лица досега како причина за смрт е заведен корона вирусот.
До вчера беа регистрирани и 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекувале во домашни услови.
Со потешка клиничка слика низ болниците во Македонија се 34 лица, кои добиваат кислородна поддршка или се наоѓаат на механичка вентилација.