Најбрзите десет Android „смартфони“ за март 2020 според Antutu


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


AnTuTu ја објави својата листа за март, 2020, со најдобрите десет „смартфони“ според перформансите во светски рамки.

Податоците беа собрани од 1 до 31 март, а презентираните резултати се просечни. Овие бројки се засноваат на големината на примерокот од над 1.000 тестови извршени на Antutu Benchmark 8 за паметни телефони објавени ширум светот. Шест од Топ 10 уреди на списокот се сите верзии на Samsung Galaxy S20.

Galaxy S20 Ultra 5G е прв со 12 GB RAM меморија и 256 GB складирање. Овој и вториот уред на листата, Galaxy S20 +, се Snapdragon варијанти на телефонот. Exynos 990 верзијата на Galaxy S20 Ultra 5G доаѓа на третото место.

На списокот се наоѓаат уште четири верзии на Galaxy S20 и сите го имаат Exynos 990. Asus ROG Phone II е на петтото место, OnePlus 7T доаѓа на осмото, а Realme X2 Pro доаѓа на деветтото место. OnePlus 7 Pro ги заокружува првите 10.

AnTuTu ги објави и првите 10 смартфони од среден опсег за истиот период на глобално ниво. На врвот на списокот е Redmi Note 8 Pro – придвижуван од MediaTek Helio G90T. Следните шест уреди од среден опсег се напојуваат или од Snapdragon 730 или 730G.

Xiaomi Mi Note 10 Pro, Xiaomi Mi 9T, Samsung Galakxy A71, Realme X2, Mi Note 10 и Galaxy A80 заземаат позиции два до седум, по тој редослед. Последните три уреди се одликуваат со Snapdragon 712 – Realme Q, Realme XT и Xiaomi Mi 9 SE.