Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бројот на лица кои починаа како последица на коронавирусот во САД вчера надмина 25.000, што е двојно повеќе од пред една недела, иако официјалните лица разговараат за тоа како да се врати економијата во функција без понатамошно ширење на вирусот.
САД, третата најбројна нација во светот, вчера ја надминаа бројката од 608.000 заболени , пренесува Ројтерс.
Завчера Американците објавија 1.500 нови смртни случаи, што е намалување во однос на 2.000 на ден минатата недела.
Но, бројот на починати вчера повторно се зголеми на повеќе од 2.100, што е најлош ден не само во САД, туку за која било земја во светот од почетокот на пандемијата.
Иако се чини дека полошиот дел од епидемијата во САД поминал, на САД им треба повеќе тестирања за повторно отворање на економијата, предупредуваат здравствените власти.
Мерките за карантин за 94 проценти од населението оставија голем белег на американската економија.
Карантинот може да ги чини до 25 милијарди долари на ден, според Џејмс Булард, шеф на Федералните резерви во Сент Луис.