Направи тежок сообраќаен прекршок, ама и одлична реклама за џипчето (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сузуки Џимни компактно теренско возило со одлична моќ за маневрирање благодарение на неговите димензии.

Ова му овозможува да се движи по шумски патишта без потешкотии, но очигледно и во управувањето преку места наменети само за пешаци.

Оваа необична снимка доаѓа од провинцијата Ксинџијанг во Кина, каде возачот на мал Сузуки решил да го премине автопатот преку пешачки надвозник. Тесниот надвозник очигледно не е проблем, како и бројните скалила. Наследникот на легендарниот модел Самурај направи сè како што треба.

И, ако се прашувате која е причината за овој необичен маневар на возачот, објаснувањето е многу практично. Поточно, возачот, наводно, го промашил излезот од автопатот и решил да направи полукружно свртување. Ова е исклучително опасно на автопатот, па тој решил да ја испроба „пешачката патека“ за да дојде на другата страна.

На крајот, тоа скапо го чинело затоа што целиот маневар бил забележан од полициски патроли. Според South China Morning Post, полицаецот не бил импресиониран од подвигот, па му е изречена казна од 28 долари.