Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Британската актерска и режисерска легенда од култната екипа на „Монти Пајтон“, познатиот Тери Гилијам, никогаш не ги криел својот негативен став и чувства кои ги има кон Холивуд.
„Тоа е одвратно место“, изјави во 2005 за New York Times Гилијам. „Ако постоеш Бог од Стариот завет, ќе си ја завршеше работата и ќе го збришеше тоа место. Единствена лоша работа во тоа ќе беше што ќе беа збршани и неколку добри ресторани“.и
Едно од нештата кое го нервира Гилијам кога станува збор за Холивуд е притисокот на индустријата врз режисерите за режирање на нивните приказни со нужно среќни краеви. Во еден интересен муабет интервјуиран од Turner Classic Movies, Тери прави една конкретна споредба помеѓу Стивен Спилберг – веројатно квинтесенцијалниот холивудски режисер – и Стенли Кјубрик, кој како и Гилијам, го напуштил Холивуд и живеел во Англија.
„За разлика од просечните режисери како Спилберг, кои секогаш нудат решенија и одговори на крајот од филмот, и тоа не така ретко глупави и површни, големите филмаџии како Кјубрик, те тераат да си заминеш дома со прашања и да размислуваш“.