Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од ментални нарушувања страдаат стотици милиони луѓе во светот. Проблемите се одразува пред се на самата индивидуа, а потоа и врз нивните најблиски. Во некој период од животот секој човек ќе се соочи со предизвици кои може да имаат краткотрајни, но и долготрајни последици по менталното здравје. Но, покрај тоа што се засегнати огромен број луѓе, менталните нарушувања се уште се табу-тема, не им се посветува соодветно внимание и овие луѓе често се предмет на дискриминација.
Едно од најпосакуваните нешта во животот е здравјето. Тоа е услов за остварување на сите човечки функции и можности. Доброто ментално здравје значи сочувство, благосостојба, почит, самодоверба, оджување на емотивна рамнотежа, здрава исхрана и јасно поставена цел. Но, често несоодветната кординација меѓу наведениве нешта доведуваа до ментални проблеми кои резултираат со анксиозност, депресија и различни растројства кај личноста.
Огромниот притисок и стрес со кој се соочуваат луѓето поради работата, недостатокот на финансии, семејните предизвици и очекувања го земаат својот данок преку здравјето. Последиците од стресот имаат огромен негативен импакт на целокупното здравје и за жал стресот е секојдневно нешто кое не можеме да го одбегнеме во модерниот и брз начин на живот. Стресот е особено штетен кога трае подолго време и тој предизвикува срцеви заболувања, депресија и дијабет.
Грижата за нашето ментално здравје е еден од главните човечки потреби преку усмерување на позитивните мисли и пронаоѓање на своите вистински способности и потреби. Зад секој човек се кријат илјада обиди,се додека не го постигне саканиот успех.
Стефани Крстевска,
Студент на Институтот за семејни студии, Филозофски факултет