Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според научните тврдења на италијанскиот виролог Фабрицио Прелиаско, директор на Институтот Галеази во Милано, дека опасноста од пренесување на зараза со коронавирусот преку храна или амбалажа е многу мал.
„Коронавирусот може да се таложи на прехранбени пакети, но за четири часа ја губи силата. Освен тоа, ниските температури во фрижидерот го блокираат циркулирањето на вирусот, и во некој момент го уништуваат. Истото важи и за високите температури во рерните: 60 степени се доволно да го убијат вирусот“, вели тој.
Тој истакнува дека во однос на храната и амбалажата нема поголеми ризици од останатите ситуации: чистењето мора да се изврши првалино и внимателно.
„Но не можеме сè да дезинфицираме“, вели Прелиаско и истакнува дека правилата остануваат исти, а тоа значи дека е неопходно да се мијат рацете и никогаш да не се ставаат во уста.