Брачен пар на прва борбена линија против коронавирусот: „Ова е најблиску што можеме да си пријдеме“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во време на оваа епидемиска ситуација наметната од коронавирусот кој се шири на сите страни од светот, медицинските лица и лекарскиот персонал на планетарно ниво се најизложените и најпосветени борци против оваа пандемија.

Уште откако е прогласена светската пандемија на „Ковид-19“, тие се обидуваат да им помагаат на оние кои се погодени од вирусот, секојдневно, ставајќи го во опасност сопственото здравје.

Медицинскиот техничар Мохамед Џамал Дин сподели емотивна фотографија од прегратката со сопругата, која е медицинска сестра. И двајцата носат заштитни маски, нараквици, костуми и очила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mohammad Jamal Deen ☤ (@jd.moha) on

„Маж и жена. Двајцата медицински техничари се анестезиолози во тимот против КОВИД-19. Овие медицински анестезиолози во моментот се грижат за најкритичните пациенти во светот. Ова е најблиску што можат да си пријдат еден на друг пред почеток на смената, а после тоа не им е дозволен никаков контакт. Многу здравствени работници спијат во гаражи, автомобили и го испраќаат семејството кај роднини. Многу од нив решија да ги задржат своите најблиски колку што е можно подалеку од себе, како што направивме сега ние. Се жртвуваме толку многу за да бидете здрави, затоа бараме да останете дома“, напиша тој под фотографијата.

„Благодарам за вашата несебична помош. Вие сте вистински херои”, „Ви благодарам од срце”, „Вистинска моќна фотографија”, се само неколку од коментарите.