Уште две починати лица од коронавирус во Куманово


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На синоќешното гостување на „Топ Тема“ на ТВ Телма, кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски соопшти дека уште две лица од Куманово починале од коронавирус.

Тој повторно упати апел да се воведат уште порестриктивни мерки во Куманово и, како што рече, да се скратат бирократските постапки и да се даде шанса да делуваат општинските структури.

Во емисијата ги сподели и искуствата во справувањето со ширењето на вирусот и карантинот што беше спроведен во тек на викендот.

Претходно, на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 15 нови случаи на пациенти со коронавирус во земјава, односно четири во Скопје, осум во Куманово и по еден во Тетово, Струга и Штип, со што вкупниот број на дијагностицирани достигна 570.

На Инфективната клиника починаа тројца пациенти – 40-годишен жител на Кочани, без познати минати заболувања, примен на 29 март, и двајца тетовци – 69-годишен човек кој имал тумор на мозокот и 65-годишен без познати други минати заболувања.