Денес се чествува Благовештение – убавата вест за повторното соединување на Бога и човекот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Денес, 7 април, (според календарот на МПЦ – Јулијанскиот календар, денеска е 25 март) се чествува Благовештение.

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот.

Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.