Лоша навика која енормно ја зголемува можноста за зараза и од коронавирус


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Грицкањето нокти отсекогаш важи за нехигиенска, прилично нездрава и доста некултурна навика која еднакво е застапена и кај децата и кај возрасните. Оваа навика која често и несвесно ја правиме може да има лоши последици во текот на пандемијата на коронавирусот.

Светските здравствени експерти, како проф. д-р Горан Белојевиќ, специјалист по хигиена изјавил дека оваа навика е еден од најлесните начини за добивање на коронавирусот.

Баш поради тоа, познатиот специјалист во областа на алергијата и заразните болести во Лондон, советува дека луѓето мора да се одвикнат од грицкањето нокти затоа што доколку не го направат тоа, ризикот од добивање коронавирус е многу поголем од вообичаено.

Овој ризик е уште поголем доколку редовно не ги миете вашите раце па кога со такви раце ќе го допрете вашето лице, а особено устата – тоа е рецепт за директно пренесување на врусот.

-Многу е важно да се одвикнете од грицкањето нокти. За жал, многумина тоа го прават несвесно и не се свесни за последиците кои што може да ги добијат. Доколку ја имате оваа навика тогаш може да ви помогне носењето ракавици. Во одвикнувањето може да ви помогне и џвакање гума за џвакање, појаснува докторот.