Американските милијардери со барање вработените да се враќаат на работните места – велат „бирале меѓу две зла“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американската богаташка елита сака повторно активирање на стопанството кое може да се соочи со досега најголемиот квартален пад во историјата. Одлучни се за овој потег дури и ако тоа значи укинување на мерките на социјално дистанцирање кои здравствените функционери ги воведоа за спречување на ширењето на коронавирусот.

Тие инвеститори не го ценат профитот повеќе од човечкиот живот, како што велат, туку само се спремни да ризикуваат некои стравотии за да спречат други, пишува Блумберг.

Милијардерот Том Голисано е загрижен. „Штетата од то што стопанството е сопрено може да биде поголема од загубата на неколку луѓе повеќе“, вели Голисано, основач и претседател на фирмата за платен промет Пејчекс. „Многу сум загрижен дека многу бизниси ако вака продолжи ќе бидат затворени“.

„Бираме меѓу две зла“, вели Голисано, кој сака луѓето да се вратат во канцелариите во државите кои се релативно поштедени од коронавирусот, а во жариштата сепак да останат дома. „Мора да ги иемриме причините за тоа и против тоа“.

Во државата Њујорк, во која болниците се преполни, гувернерот Ендрју Куомо вели дека стопанството не би требало да се придвижува „по цена на човечки животи“ и дека развива план „да им дозволи на младите луѓе да се вратат на работа“.

Меѓутоа, прашањето е дали тие тоа треба да го направат.

Трамп, предводен од група инвестициски фондови и гиганти на приватен капитал, сакаше земјата тоа да го направи до Велигден, иако претставниците на здравствените служби предупредуваат дека тоа е пребрзо поради вирусот кој ја зафати речиси целата планета.

Во САД само компаниите со помалку од 500 вработени се обврзани да им плаќаат боледување на работниците поради вирусот ковид-19.

Економистите на Универзитетот Нортвестерн пресметале дека одржувањето на мерките на социјално дистанцирање би можело да спаси околу 600.000 животи на ниво на целата земја, пишува Блумберг.

Али Лојд Бланкфејн, кој ја предводеше групата Голдман Сакс до 2018, поттикна повици луѓето да се вратат на работа кога на Твитер напиша дека „екстремните мерки да се ублажи кривата на вирусот биле на место „едно време“, но дека можат да ја уништат економијата“.

„Во рок од неколку недели дозволете им на оние со помал ризик да се вратат на работа“, предложи тој.

Неговиот долгогодишен заменик Гери Кон, кој од банката замина за да стане финансиски советник на Трамп, праша дали е време „да се отвори дискусија за датумот кога ќе се придвижи стопанството“. „Без таква одреденост, бизнисите ќе го претпоставуваат најлошото“, кажа тој.

Сопственикот на НБА тимот Хјустон рокитс Тилман Фертита ги повика властите да дозволат придвижување на бизнисот во ограничен обем за неколку недели за да се избегне економска катастрофа. Фертита, чиј имот се проценува на 3,2 милијарди долари, вели дека неговата компанија „сега практично не функционира“.

Меѓутоа, неговото барање е спротивно на мислењата дека прераното придвижување на стопанството би убило уште повеќе луѓе и на крајот би предизвикало и поголема економска штета.

Милијардерите и другите припадници на елитите го имаат тој луксуз и во услови на социјално дистанцирање да можат да заработуваат. Оние кои бараат работниците да се вратат на работа тврдат дека целта е да спречат милиони луѓе со години да патат и да западнат во уште подлабоки долгови