Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милијардерот и ко-основач на технолошкиот гигант Microsoft, но и познат филантроп Бил Гејтс вложува неколку милијарди долари во изградба на фабрики кои се ветувачки кандидати за производство на седум вакцини против коронавирусот, и покрај тоа што залудно ќе се потрошат милијарди долари.
Основачот на Мајкрософт во четвртокот во емисијата Дејли шоу кажа дека неговата фондација ќе помогне во побрзото мобилизирање на владата во борбата против пандемијата на коронавирусот.
„Бидејќи нашата фондација има длабока стручност во областа на инфективните болести, ние мислевме на епидемијата и финансиравме некои работи за да бидеме подготвени, како на пример во вакцина“, кажа Гејтс и додаде: „Нашето рано влегување и финансирање би можеле да ги забрзаат нештата“.
Гејтс избрал седум најизгледни кандидати за производство на вакцина и им ги поставил темелите.
„Иако нашата селекција ќе заврши со најмногу две, ќе ги финансираме сите седум преостанати компании, само за да не губиме време прашувајќи „која вакцина делува“ потоа ќе изградиме фабрика“, кажа тој.
Гејтс истакна дека истовременото тестирање и изградбата на производни единици се од пресудно значење за брз развој на вакцина, а се надева дека за тоа ќе бидат потребни околу 18 месеци.
Во неодамна објавен текст за Вашингтон пост, Гејтс кажа дека на некои од кандидатите им е потребна уникатна опрема.
„Ќе потрошиме неколку милијарди долари. Меѓутоа, вреди да се изгубат неколку милијарди долари поради ситуацијата во која се наоѓаме“, кажа тој.
Гејтс и неговата сопруга Мелинда веќе се обврзаа дека ќе се борат против пандемијата на коронавирусот на сите можни начини.
Гејтс побара од владата да спроведува построги мерки на карантин во секоја држава и процени дека на САД ќе им бидат потребни уште 10 недели карантин низ земјата за ефикасно решавање на кризата.