Во Туркменистан коронавирусот „НЕ ВАЖИ“ – овој збор е забранет таму


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Туркменистанските власти ја забранија употребата на зборот „коронавирус“ и истиот целосно го исклучија од секојдневниот говор. Целта им е да ги сокријат информациите за пандемијата на коронавирусот која го тресе светот, соопшти невладината организација Репортери без граници.

Според Репортери без граници на сите медиуми им се забрането да го употребуваат зборот „коронавирус“, а исто така терминот е исфрлен од сите официјални брошури, што Министерството за здравство на Туркменистан ги подели во училиштата, болниците и другите државни институции.

За граѓаните кои надвор се движат со маски и зборваат за пандемијата на Ковид-19 ризикуваат да бидат уапсени.

Претходно, претседателот на Туркменистан, Гурбанбугли Бердимухамедов ги посоветува граѓаните да се лекуваат со народниот лек односно со растението див седеф (Peganum harmala). Тој наредил растението да се користи за дезинфекција на јавните меставо државата. .

Во Туркменистан нема инфицирани луѓе со новиот коронавирус.