Не мора со рекет – Ѓоковиќ тоа го може и со тавче (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, со своето семејство е во домашна изолација во Марабеља, Шпанија, како заштитна мерка против заразата од коронавирусот.

Опасниот вирус ја прекина сезоната во белиот спорт, но популарниот Ноле и кога нема натпревари и тренинзи знае како повторно да „влезе во натпреварувачки ритам“.

Ѓоковиќ и во домашна изолација пронајде начин за игра и забава со тениското топче. Но, наместо рекет во раце зема тава за пржење.

„Натпреварувањето никогаш не престанува“, напиша Ноле под видеото на кое тој игра партија тенис со импровизиран рекет во рацете.