СЗО апелира: Не носете заштитни маски ако не сте заразени од коронавирус


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Официјални лица во Светската здравствена организација (СЗО) апелираат до сите лица кои не се заразени од коронавирусот да не носат заштитни маски за лице. Такви маски треба да носат само оние кои се заразени и тие кои се грижат за некој што е болен, пренесува CNN.

Директорот на СЗО за управување со вонредни состојби Мајкл Рајан изјави дека носењето маски за лице, доколку се користи неправилно, може да направи повеќе штета отколку добро во борбата против ширењето на новиот коронавирус. Рајан повтори дека СЗО верува дека треба да ги носат само болни за да не го шират вирусот и здравствени работници на кои им се потребни.

„Нема конкретни докази кои сугерираат дека носењето маски на кој било начин е од каква било корист, всушност, има спротивни докази за тоа“, рече Рајан.

„Исто така, има глобален проблем со недостаток на маски и други медицински материјали. Луѓето со најголем ризик се здравствените работници изложени на вирусот секоја секунда од секој ден. Мислата да се нема маски е ужасна“, рече тој.

Епидемиологот Марија Ван Керхове исто така рече дека е важно „да се даде предност на употребата на маски на оние на кои им се најпотребни“, што на прво место би биле здравствени работници.

„Ние не препорачуваме да носите маски во заедница, освен ако не сте болни како мерка за спречување на ширење на вирусот“, рече таа, додавајќи:

„Препорачуваме маски за луѓето кои се болни, како и за оние кои се грижат за болните дома“.