Лансирање проектил во речиси вертикална летечка положба (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Руските борбени пилоти во пракса ги испробуваа и вежбаа новите способности на моќниот летечки рускиот ловец од петтата генерација сухој Су-57.

На снимка од тестните летови може да се види како авион лансира проектил при речиси вертикално искачување, пренесува Раша тудеј.

Су-57 е најнапредниот руски авион кој може да се искачи право нагоре кон небото веднаш по полетување, благодарение на моќните мотори и најсовремената електроника која е неопходна да се задржи стабилноста при такви маневри.

Авионот во моментов се тестира во различни сценарија, вклучувајќи екстремно високо или ниско летање и маневрирање при нагло менување правец, исклучително важно во директни борби со непријателски ловци.