Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Соработката помеѓу Светската здравствена организација (СЗО) и претставници од „гејминг“ индустријата резултираше со кампањата #PlayApartTogether (#ИграјтеОдвоеноЗаедно). Кампањата има за цел да ги мотивира луѓето кои се забавуваат активно играјќи видеоигри да ги следат препораките за социјална дистанца и лична хигиена за спречување на ширење на коронавирусот, пренесува Радио МОФ.
„Се наоѓаме во клучен момент на дефинирање на резултатот од оваа пандемија. Гејминг индустријата има глобална публика – ги охрабруваме сите да #ИграатОдвоеноЗаедно. Повеќе физичко дистанцијање плус други мерки ќе резултира во израмнување на кривата и ќе спасат животи“, напиша на Твитер глобалниот амбасадор на СЗО, Реј Чемберс а пораката ја ретвирна извршниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Геберејсус.
18 водечки компании од гејминг индустријата, од „Activision Blizzard“ до „Zynga“, во следниот период ќе ги потсетуваат своите корисници за препораките кои можат да помогнат во зачувувањето на јавното здравје.
„Никогаш не било покритично да се осигураме луѓето да останат на безбедно поврзани едни со други. Игрите се перфектна платформа, бидејќи ги поврзуваат луѓето низ призма на уживање, цел и значење. Горди сме што учествуваме во ваква потребна и важна иницијатива“, изјави директорот на „Activision Blizzard“, Боби Котик.
„Физичката дистанца не треба да значи и социјална изолација. Ајде да бидеме физички одвоени и да правиме други чекори за подобрување на јавното здравје и израмнување на кривата и да #ИграmeОдвоеноЗаедно за да помогнеме да излеземе од оваа криза. За нас „Риотерите“ играњето игри е повеќе од само игра; тоа е животна пасија. И сега милијарди гејмери низ светот, играјќи видеоигри можат да помогнат во мисијата за спасување животи. Ајде да ја победиме оваа Ковид-19 конечна битка заедно“, посочи Николо Лорен, од „Riot Games“.
Поддршката на СЗО, која сега ги промовира видеоигрите како пожелна активност, е помалку иронична ако се знае дека организацијата пред две години ја призна зависноста од играње видеоигри за ментално нарушување.