Четврта жртва од коронавирусот во Македонија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во Македонија почина четвртиот пациент како последица од заразеност со коронавирус. Станува збор за 66-годишна жена од околината на Струга. Кај неа и кај нејзиниот сопруг бил дијагностициран коронавиурс во текот на вчерашниот ден.

Откако ги почуствувала првите симптоми таа во вторникот закажала тестирање преку својот матичен лекар, тестот и бил направен два дена подоцна, а резултатите пристигнале во текот на вчерашниот ден.

“ Заради нагло влошената состојба на пациентката, матичниот лекар уште веднаш препорачал хоспитализација на Инфективното одделение во охридската болница, но до добивањето на резултатите вчера, пациентката не е примена во болница.” – информираа од Министерството за здравство од каде најавија целосна ревизиија на случајот за да се утврди дали имало лекарски пропуст.

Пациентката имала срцева болест, хронична белодробна болест и покачен крвен притисок, а била во самоизолација откако таа и нејзиното семејство биле во Дебар непосредно пред прогласувањето на кризната состојба каде имале контакт со еден од заболените доктори.

Во последните 24 часа се регисгрирани 22-ца новозаболени од вирусот, од кои 9 се од Скопје, по тројца во Куманово и Струга, по двајца од Дебар, Прилеп и Тетово и еден во Битола.. Со ова вкупниот број на заболени се зголеми на 241 пациент.

Овие податоци денеска беа соопштени писмено, а прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче најави за утре. Тој на неговиот Фејсбук профил објави и дека мобилната болница која се гради до Инфективната клиника во Скопје ќе биде функционална од текот на следната недела, а ќе има капацитет до 130 кревети.