Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Додека планетата Земја бара одговор и начин на спречување на глобалната епидемија на Ковид-19, двете економски најмоќни земји на планетата се вербално се препукуваат и конфронтираат околу тоа како треба да биде наречен Ковид-19.
Според пишувањето на неколку светски медиуми, средбата на Г-7 на ниво на шефови на дипломатии, завршила со фијаско, откако Вашингтон инсистирал, а Пекинг не прифатил заразата да се нарече Вухан вирус. Средбата резултирала со 4-часовна видео конференција, на која не била усогласена заедничка изјава. Според Шпигел, фразата Вухан вирус била оценета како стигматизирачка и не била прифатена од членките, иако САД одлучија унилатерално да продолжат да го користат.
„Оваа криза почна во Вухан, Кина. Кинеската комунистичка партија вели дека САД го донеле вирусот во Кина. САД сакаат да работат со сите земји, вклучително и со Кина да најдеме решенија поголем број луѓе да останат живи, да оздрават и потоа да ги обновиме нашите екомомии, погодени од Вухан вирусот“, изјави Мајк Помпео, државен секретар на САД
САД во меѓувреме станаа шеста држава во светот според бројот на починати. Регистрирани се 1.030 жртви и 70 илјади заразени, а Сенатот синоќа усвои историски пакет од 2.200 милијарди долари за помош на економијата. По благиот пад на заразени и починати во Италија, Шпанија и натаму го потврдува статусот нов епицентар на заразата во Европа, откако регистрираше нови 655 жртви.
„Разговарав со моите другари, кои се уште велат дека кога ќе чујам вести дека помладите не заболуваат тоа е само анегдота, дека тоа не му се случува секому. Ако тие искусат еден ден од она што јас го искусувам 10 дена, сигурно ќе го сменат мислењето“, вели Оливер Камерино, пациент од Шпанија
Од светската здравствена организација синоќа апелираа до светските земји дека самоизолацијата не е доволна и дека купеното време од седењето во карантин треба да се искористи да се нападне вирусот.
„Да се бара од луѓето да останат дома и да се спречи движето на населението е купување време за да се редуцира притисокот врз здравствените системи. Но тие мерки, сами по себе нема да ја отстранат епидемијата“, кажа Тедрос Адханом Гебрејесус, шефот на СЗО
Во соседството Србија регистрираше две нови жртви. Црниот биланс во регинот и натаму е најзастапен во Грција, кој изнесува 23-ца починати.