Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Светската здравствена организација апелира до земјите кои воведоа ограничувања на движење за своите граѓани за да го спречат ширењето на епидемијата, дека мора да го искористат тоа време за борба против вирусот преку нивните здравствени установи.
„Барањето луѓето да останат дома и да го ограничат движењето на населението е губење време и помал притисок врз здравствениот систем. Но, само тоа нема да ја искорени епидемијата“, рече генералниот директор на Светската здравствена заштита Тедрос Аданом Гебреизус.
Тој ги повика државите да го искористат времето на изолацијата на своите граѓани за да го искоренат вирусот.
Гебреизус рече дека СЗО препорачува шест мерки.
Првата е да се зголемат човековите капацитети на здравствените услуги, да се обучуваат здравствените работници и да се користат за борба против ширењето на коронавирусот.
Втората е да се воспостави систем за откривање на секој сомнителен случај на ниво на заедница.
Третата е да се зголемат капацитетите за третман и изолација на пациенти,
Четвртата е да се идантификуваат приспособат и опремат установи што ќе се користат за лекување и изолација на пациентите.
Петата е да се воспостави јасен план за изолирање на заразените од секакви контакти
И шесто, да се фокусираат цели влади на борба против ширењето на коронавирусот.
Овие мерки се најдобриот начин да се спречи и да се запре пренесувањето на болеста, така што вирусот, откако ќе бидат укинати ограничувањата, повторно да не еруптира, рече директорот на СЗО.