Дали знаете што е посткоитална тага?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ако некогаш сте почувствувале тага, засраменост или празнина после водење љубов, дури и ако сексот бил одличен, без гајле, не сте ни први ни последни со такви чувства после таа работа.

Триесетгодишниот основач на порталот „Nju Ejdž Gents“ објасни за HuffPost дека овие чувства може да се појават во зависност од тоа во каква врска се наоѓате и какви се вашите намери со таа личност.

„Тие не учат дека во текот на физичката размена на нежност мажите не ги мешаат чувствата и не стануваат емотивни во такви моменти, а тоа не е погрешно”, рече.

Кај двата пола може да се случи посткоитална тага и тоа е прилично честа појава, што подразбира чувство на тешкост, тага и непријатност, веднаш по сексуалниот однос. Ова се должи на хормонот пролактин, кој се излачува со цел, по оргазмот, да го изедначи нивото на допамин кој се ослободува за време на сексот.

Се ослободува веднаш по сексот, со цел да се стабилизира допаминот, хормон кој е одговорен за чувството на сексуално задоволство. До депресијата после секс доаѓа кога се ослободува значително повеќе пролактин отколку допамин.