Првата македонска пациентка која имаше коронавирус пуштена на домашно лекување


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првата македонска пациентка кај која беше регистрирано присуство на актуелниот коронавирус е пуштена на домашно лекување, пренесуваат од Министерството за здравство.

Таа беше по вторпат тестирана по дијагностицирањето на вирусот според насоките и препораките на Светската здравствена организација.

Здравствената состојба на пациентите позитивни на КОВИД-19 кои се лекуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна. Во стабилна состојба е и првата пациентка од Дебар која е на респираторна машина. Петте пациенти кои се лекуваат во дебарската болница се во добра здравствена состојба.

Во текот на ноќта нема нови лица тестирани на корона вирус, а во моментов се чекаат брисеви за тестирање на три лица од Дебар.