Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со шесте нови регистрирани случаи од вкупно 12-мина тестирани вчера, бројот на заразени со коронавирус во Македонија се искачи на 18 лица.
Една од нив е пациентка која стигнала доцна синоќа од Барселона. Во авионот патувала со заштитна маска и ракавици, имала симптоми и не се чувствувала добро. Се јавила кај лекрската екипа сама, по што е изолирана и однесена на Инфективна клиника. Сите 51 патници од авионот со кои патувала се ставени во изолација, под надзор. Патничката која допатувала од Барселона е од Скопје, а останатите петтмина новозаболени се од Дебар, информира министерот за здравство Венко Филипче.
„Вкупно 18 пациенти во државата се заболени од корона вирус, на Инфективна клиника има 13 , а 5 новодијагностицирани ќе останат во болницата во Дебар, таму има епидемиолог и двајца инфектолози. Сите се со лесна клиничка слика. Следните денови уште еден инфектолог од Скопје ќе се придружи на екипата во Дебар“ рече Филипче.
Од денес се забранува влез на странски државјани и од земјите со среден ризик, освен за оние за кои ќе даде мислење МНР.
Владата го задолжи Минстерството за здравство на секој наш граѓанин кои доаѓа од странство да му овозможи да потпише документ за самоизолација.
„Со седење дома се помага да се зачува јавното здравје, да се стави рампа на ширење на вирусот, ние сме во фаза кога не знаеме што не очекува, имаме само едно место на локална трансмисија. Многу земји очекуваат пикот на вирусот да биде на крај на март и почетокот на април. Болничките установи кај нас се подготевни за се “, рече Филипче.
Владата вчера фомира Главен координативен штаб со кој ќе раководи техничкиот премиер, Оливер Спасовски, а ќе го сочинуваат министерот за здравство, за одбрана, за внатрешни работи, за транспорт и врски, за финансии, за образование и наука, надворешни работи, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување со цел целосна координација бидејќи со прогласување на кризна состојба вклучени се повеќе институции.
Главниот координатвен штаб ќе се состанува претпладне секој ден, во Владата веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести.
И во новите дополнителни мерки, како што веќе објави НОВА, се следните: Се затвораат сите гранични премини, освен четири. Се затвора аеродомот во Охрид и тоа 48 часа по одлуката од денеска.
Се затвораат сите продавници во моловите, освен супермаркетите, продавници за храна и аптеките. Сите можат да функционираат по пат на онлјан нарачка, не со гости. Се затвораат кафетериите, клубовите, казината, спортските обложувалници.
На седницата на Влада е разработен планот како да се врши достава на продукти за Дебар и Центар Жупа, како ќе се прави тоа, за начинот на дезинфекција на возила и лицата и тие да не излегуваат од зоната, вклучувајќи го и возачот.