Сопатниците на првата македонска пациентка заразена од коронавирус се негативни на вирусот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од Министерството за здравство ја информираа јавноста дека завчера попладне на коронавирус се тестирани четирите лица од Струмица, поврзани со првата пациентка и нивните тестови се негативни на вирусот.

Завчера претпладне биле тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати исто така биле негативни на коронавирусот.

Според Министерството, ова значи дека сите сопатници од комбето на првозаболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.

Вчера попладне на коронавирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.
Во моментов на Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување.