Парите за субвенционирање странски туристи може да се пренаменат во санирање на штетите во туризмот заради коронавриусот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во соопштението кое до туристичкиот сектор го упати Министерството за економија, тие апелираат туристичките здруженија и комори да достават анализа на штетите кои што се предизвикани од откажување на тури, семинари, конференции и продажба на аранжмани и истите да ги достават до Координативното тело кое е веќе е формирано и е составено од претставници од Министерство за економија, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот како и сите комори и здруженија, откако туристичкиот сектор побара санирање на штетите од мерките против коронавирусот.

„Имајќи предвид дека дел од мерките се поврзани со даночни олеснувања, задолжително да се направи анализа од страна на Министерството за финансии, како и Министерството за култура во делот на барањата за правилникот на ЗАМП.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот согласно своите надлежности да направи анализа за можностите за промена на Програмата за работа како и пренамена на средствата предвидени за субвенции за странски организиран туристички промет во Фонд за туризам со цел обесштетување на засегнатите страни.

Што се однесува до мерките кои се директно под надлежност на Министерството за економија укажуваме дека туристичкото стопанство ќе има максимална подршка, односно предлогот за осигурување на аранжмани е прифатлив и истиот е предвиден во измените на Законот за туристичка дејност.

Министерството за економија соопштува дека ја следи ситуацијата во сите индустриски гранки во земјата и свесни сме за последиците, но во моментот приоритет е здравјето на нашите граѓани.

Штетите во туризмот ќе бидат најголеми имајќи ги предвид и резултатите од другите земји. Според информациите од туристичките комори има значителен број на откажувања или одложувања на најавени групи кај хотелиерите и туристичките агенциите кои работат дојдовен туризам, намален број на индивидуални резервации, значителни откажувања на најавените семинари, конференции и настани, oтсуство на интерес за посети како резултат на претпазливост, намален интерес и отежнати продажби на распишаните аранжмани за сите дестинации, бројни барања за прекин на договор за организирано патување во странство поради претпазливост како и други откажувања.