Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Универзитетските професори од Економскиот факултет во Скопје, Славе Ристевски и Драге Јанев, се осудени на 2,5 години затвор, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор, за случајот „Еразмус“, односно за земање пари од студенти за полагање испити.
Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.
Судскиот совет денеска, покрај затворските казни, на осудените им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години.
Обвинителството ги товареше обвинетите дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба, сториле кривични дела.