Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
83-годишниот бивш италијански премиер Силвио Берлускони ја прекина љубовната врска со 34-годишната Франческа Паскале со која беа заедно 12 години.
Неговата партија Форца Италија ја соопшти веста, истакнувајќи дека 83-годишниот милијардер Берлускони и Паскале „ќе останат пријатели“.
Исто како што друг поранешен премиер анегдотски забележа дека „сопругата секогаш последна дознава“, така се чини, Франческа Паскале последна дозна дека врската е завршена. Девојката, кое во интервју откри дека бара секој ден Берлускони да се омажи за неа, била „запрепастена“ од објавата на Форца Италија, пренесува „Ла Република“.
„Ќе го задржам во моето срце засекогаш. Му посакувам среќа и се надевам дека ќе најде некој да го следи начинот на кој се грижев за него“, рече Паскале, а испадна дека Берлускони знаел дека неговата поранешна ќе биде толку дарежлива, па веднаш најде замена.
Поточно, веќе извесно време кружат гласини дека Берлускони ја заменил Паскале со малку помлада, 29-годишна европратеничка од квотата на неговата партија, Марта Фашинa. Освен тоа, излегоа и фотографии од новата двојка во швајцарски хотел, при што новата девојка го носи и кучето Дуду кое и припаѓало на Франческа Паскале.
„Ме возбудува кога гледам како пратеничка го шета моето куче. Јас немам проблем со тоа “, рече Паскале.
Уште во 2014 година, италијанските медиуми се забавуваа со информациите дека Паскале купила венчаница за да го прослави разводот на Берлускони од втората сопруга Вероника Ларио по 19 години брак. Ларио, со која Берлускони има три деца, изјави во тоа време дека повеќе не може да го толерира негово „справување со малолетни лица“ и не беше сосема сигурна во неговиот ментален капацитет, пишува „Гардијан“.
Двапати разведениот медиумски магнат, кој доминира во италијанската политика повеќе од 20 години и покрај низата сексуални скандали, серијата гафови и најразлични правни проблеми, беше осуден во 2013 година на седум години затвор за познатата афера „бунга бунга“. Тогаш беше осуден за плаќање секс на малолетната 17-годишна Руби Рубакуора, иако пресудата подоцна беше поништена.