Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
1.000 турски специјалци се распоредени на турско-грчката граница со цел да го спречат враќањето на мигрантите во Турција од страна на грчките граничари, соопшти турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, пренесува „Дејли сабах“.
„Само од Едрене во Грција преминаа 139.070 бегалци. Грција се обиде да врати со помош на Фронтекс 4.800 бегалци во Турција. За да го спречиме тоа, на границата се распоредени околу 1.000 специјалци. Во судирите на границата се повредени 164 бегалци, кои сега се хоспитализирани,“ рече Сојлу.
Според Сојлу, вестите што ги шират грчките власти и медиуми, за бројот на бегалци кои преминале од Турција во Грција не се точни.
По влошувањето на ситуацијата во сириски Идлиб, Турција најави дека веќе нема да го спречува мигрантскиот бран и ги отвори своите граници кон ЕУ, по што кон Грција тргнаа илјадници мигранти.