Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според научните истражувања поврзани со коронавирусот и неговото брзо ширење ширум светот, утврдено е дека коронавирус може да преживее во телото најмалку две недели по исчезнувањето на симптомите на болеста, а пациентите најверојатно не се многу заразени во периодот по престанување на симптомите, покажува кинеското истражување.
Веста за преживување на вирусот по престанувањето на симптомите можеби и не е толку лоша затоа што човечкиот организам развива отпорност на вируси кои подолго се задржуваат во него, вели за „Лајв сајенс“, Крис Џонсон, епидемиолог од Институтот за јавно здравје при Универзитетот Темпл.
– Доколку вирусот се задржи во човечкиот организам можеби тој повеќе нема да може да се зарази од некоја инфекција – вели таа.
Новата студија објавена во магазинот ЈАМА, следела четири медицински експерти на возраст од 30-36 години кои развиле ковид-19, болеста која предизвикува новиот коронавирус.
Тие се лекувале во болницата на Универзитетот Џонгнан во Вухан од 1 јануари до 15 февруари. Сите четворица закрепнале, а само еден од пациентите лежел во болница во текот на болеста. лекувани се со оселтамивир, попознат под заштитно име „Тамифлу“.
Пациентите се сметале за излекувани веднаш откако симптомите на болеста исчезнале, а два теста покажале дека истите се негативни на вирусот. Потоа уште пет денови биле во изолација дома, а по 13 денови од сето тоа на истите им бил земен брис од грлото за да се направат тестови.
Сите тестови кои биле направени подоцна биле позитивни на коронавирус.
„Ваквите резултати наведуваат до заклучок дека барем одреден дел од излечените пациенти и понатаму можат да бидат носители на вирусот“, се наведува во истражувањето.
Не е невообичаено ниско ниво на вирусот да се задржи во телото на заразениот по лекувањето, тврдат експертите.
Тестот на кој четири пациенти од Вухан биле подложени трага по генетски фрагменти на вирусот во организмот, објаснува вирологот Ебенезер Тумбан.
„Тамифлу“, терапијата што ја примале во текот на лекувањето, би можела да ја сведе копијата на вируси во организмот на минимум. Во тој момент тестот веројатно не можел да ги детектира вирусите. Но, откако терапијата била прекината, вирусите веројатно повторно почнале да се размножуваат. Не ги имало во доволен број за да ги уништат ткивата па поради тоа пациентите не чувствувале никакви симптоми. Но, бројот на копии на вирусот сепак бил доволно висок за да бидат откриени при анализите.
Во тој момент, веројатно тие не биле особено заразени, вели Џонсон. Кашлањето и кивањето ги распрскуваат честичките на вирусот, но тие не кашлале и кивале. Според тоа, би бил неопходен поблизок контакт за вирусот да се пренесе.
– Би требало да бидат внимателни дома, да не пијат вода од иста чаша и често да ги мијат рацете. Заразените од вирусот се само носители на самиот вирусот, веројатно не можат да го пренесат, исклучок е кога се во многу близок контакт, преку пијалак и храна – вели Крис Џонсон.