Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
И BMW наместо гламур и раскош на автомобилскиот саем во Женева, одлучи да игра на картата со дигитална платформа, каде што ќе го претстави моделот што може да биде важен во блиска иднина.
Неговото име е i4 и ќе ја реши иднината на баварската компанија, барем кога станува збор за позиционирање во конкуренцијата на електрични автомобили. Иако е концепт, овој автомобил е повеќе или помалку подготвен за возење, како во дизајнот така и во погонот.
А, она што го нуди, освен огромната предна маска, е електричен погон од 530 КС. Уште поинтересно, опсегот на WLTP е поставен на 600 км, со батерии од околу 80 kWh. Ова БМВ би требало да вози над 200 км на час, додека при забрзување до 100 км на час би достигнало најдобро време – ќе му требаат помалку од 4 секунди.
Дигиталниот кокпит е веќе усвоен, а на i4 концептот достигна ново ниво. Исто така, има интегриран централен дисплеј.
Производството ќе започне следната година, се разбира, во баварските погони,за чија модернизација компанијата инвестираше околу 200 милиони евра.