Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Резултатите од научното истражување кое го направија швајцарските и американските научници утврдија дека детските гумени играчки со кои се бањаат се полни со различни бактерии, поради што се препорачува да не им купувате на децата играчки од ваков материјал.
Научниците биле изненадени дека во такви играчки пронашле и до 75 милиони бактерии во квадратен сантиметар.
Но, тие уште се на продажба и родителите често ги купуваат. Затоа, апелот е објавен повторно, а во него научниците велат ваквите играчки да не им ги купувате на децата.
Истражувачите пребројувале микроби кои пливаат во внатрешноста на жолти патки и утврдиле дека течноста што се празни, кога ќе се истиснат, содржи „потенцијално патогени бактерии“, во четири од пет играчки.
Меѓу пронајдените бактерии биле и легионела и псевдомонас аеругиноса, бактерии што често се поврзуваат за болнички инфекции.