Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
После две години во исчекување, ЕЛЕМ Турс конечно, речиси при крајот на оваа зимска сезона, ја пушти во употреба новата шестоседна жичница во најголемиот зимски туристички центар во Македонија – Попова Шапка.
Новата аквизиција го означи стартот на работата сп присутво на техничкиот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерот Садула Дураки, министерот Крешник Бектеши и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и управителот на ЕЛЕМ Турс Џемаиљ.
Работата на овој проект се движеше во застој повеќе години, а требаше да биде реализиран минатата скијачка сезона.
Иницијативата „Спас за Попова Шапка“ тврдеше дека АД ЕСМ не ѝ пушта електрична енергија на фирмата ќерка ЕЛЕМ Турс, која ја градеше шестоседната жичница, и дека поради тоа се одложува техничкиот прием.